Во овие жештини го правам овој брз летен ручек, кој сите дома го обожаваат.
1. Се сечат пиперките и се пржат на масло со сол, додека да омекнат. Потоа се додаваат исечканите домати и се продолжува со пржењето. Кога ќе испари течноста се става исечканото лукче, сувиот магдонос и запршка со масло и црвена пипер.
2. На страна се мати со вилушка јајцето, брашното .... и се пржи како палачинка. Одозгора се наросува магдонос.(Во зависност колку особи имате за ручек толку палачинки се прават.Ова доза со едно јајце е за една особа.Јас правев со 4 јајца за сите дома по една палачинка-омлет)
3. Се филува палачинката на едната страна. Се преклопува и се сервира со сирење,павлака,маслинки......Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани