17
фев
2015
Лесна овошна торта
Оваа торта обично летно време си ја правам, ама праски има и од компот сега, па може и сега да се прави.
Од јајцата ги оделуваме жолчките од белките.
Маргаринот го матиме со жолчките и со шеќерот во прав.
Бискотите ги мелеме и ги додаваме во смесата и сето заедно се мати со миксер.
Праските ги пасираме, ги додаваме во смесата и промешуваме со лажица.
Од тестото може да си направите каква сакате форма.
Се става во фрижидер да се стврдне.
Кога ќе ја извадите од фрижидерот изматете ги останатите белки, направете шам и украсете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови