Ова многу вкусно лепче се подготвува на едноставен начин
1. Квасецот се разматува во половина шоља млака вода со 1/2 лажица шеќер (одбиено од горните состојки) и се остава малку да се запени. Потоа се замесува со останатите состојки освен сушените домати и маслинките и се остава да стаса и да го удвостручи обемот.

2. Потоа се размесува, му се додаваат маслинките и сушените домати (покрупно сецкани) и се формираат мали лепчиња или некој др.облик по желба.

3. Се оставаат лепчињата уште еднаш да стасаат и се печат во рерна на 200 па 180Ц околу 15 мин. Времето за печење прилагодете го на вашата рерна и обликот на лепчето.

4. Ние ги служевме со макало од печени, црвени пиперки. Печените пиперки се лупат и се цепкаат. Се мешаат зо зрната варен, бел грав, лукче и магдонос по вкус. Се додава загреано масло и сол по вкус.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови