Испечати

Лепчиња со маслинки и сушени домати

Лепчиња со маслинки и сушени домати

Состојки

  • За лепчето
  • 475 гр. бело брашно
  • 275 мл. млака вода
  • 20 гр. свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 125 гр. зелени полнети маслинки (сецкани)
  • 4 лажици сецкани сушени домати
  • За макалото
  • по вкус печени црвени пиперки, варени зрна бел грав, лук, магдонос, масло, сол

Подготовка

Ова многу вкусно лепче се подготвува на едноставен начин
1. Квасецот се разматува во половина шоља млака вода со 1/2 лажица шеќер (одбиено од горните состојки) и се остава малку да се запени. Потоа се замесува со останатите состојки освен сушените домати и маслинките и се остава да стаса и да го удвостручи обемот.

2. Потоа се размесува, му се додаваат маслинките и сушените домати (покрупно сецкани) и се формираат мали лепчиња или некој др.облик по желба.

3. Се оставаат лепчињата уште еднаш да стасаат и се печат во рерна на 200 па 180Ц околу 15 мин. Времето за печење прилагодете го на вашата рерна и обликот на лепчето.

4. Ние ги служевме со макало од печени, црвени пиперки. Печените пиперки се лупат и се цепкаат. Се мешаат зо зрната варен, бел грав, лукче и магдонос по вкус. Се додава загреано масло и сол по вкус.

На здравје