Во длабок сад се става брашното, шеќер, сол и маслото. Во топлата вода се раствора квасецот да се растопи и полека се замесува меко тесто. По потреба се додава и повеќе вода. Замесеното тесто се покрива и се остава на топло да нарасне околу 45 минути. Од тестото се формираат топчиња, секое топче се развлекува со раце малку и во средина се става по едно кафено лажиче лутеница. Се затвора како на сликата и се редат на тавче обложено со хартија или доколку е Делимано нема потреба од хартија. Кога ќе се подготват сите се премачкуваат со малку масло и се оставаат да нараснат уште 30 минути. Се печат на 170 степени додека добијат убава румена боја. Кога ќе се извадат од рерна се премачкуваат со вода и се покриваат со налонска фолија, а потоа се крпа за убаво да омекнат. Преубави се и многу меки. На здравје !!!