Меки, вкусни лепчиња са сендвичи.
Подготовка:
1. Квасецот, шеќерот и две-три лажици брашно, растворете ги во водата и оставете неколку минути, квасецот да се активира.
2. Потоа, во него додајте ги јајцата, маслото, солта и брашното. Измесете меко тесто и оставете го на топло да се дуплира.
3. Металните прстени премачкајте ги со путер. Моите се со 7цм пречник и внатре ставав топче од тесто со тежина од 60 гр. Секако ако немате вакви прстени тогаш топчињата редете ги на плехот. Прекријте ги со крпа и оставете ги да стасаат.
4. Приклучете ја рерната на 200 степени. Пред да ги ставите да се печат, премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам.
5. Печете додека не заруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови