25
јан
2016
Лепчиња за сендвичи
Ако имате машина за печење леб, можете да и го препуштите месењето на машината :) а инаку ставете ги сите состојки во вангла и измесете убаво меко тесто кое ќе го оставите на топло да се дуплира.
Од тестото направете 12 пупалиња (отприлика по 100 гр едно) и наредете ги на два плеха прекриени со хартија. Секое пупале исплескајте го со рака и формирајте го.
Оставете ги половина час да одморат. Потоа, одозгора премачкајте ги со јаце и наросете ги со сусам.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени.
Полнењето на сендвичите го оставам на ваша желба.:)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови