15
сеп
2022
Лепче од црвена леќа
Убаво, вкусно лепче, идеално за здрав оброк.
Подготовка
1. Црвената леќа сомелете ја во Нутрибулетот до состојба на брашно.
2. Во вангличка изматете ги рачно јајцата, додајте го маслото и солта, промешајте, па додајте го брашното и пецивото. Убаво измешајте да се соединат состојките.
3. Помало калапче за леб премачкајте го со малку путер, наросете од сите страни сусам и истурете ја смесата. Одозгора пак ставете сусам.
4. Печете во загреана рерна на 180 степени, отприлика половина час. Проверете со дрвена чепкалка.
Во смесата можете да ставите и семки, зачини по вкус, прилагодете по ваш вкус. Лепчето е совршено за сендвичи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови