1. Се става топло млеко заедно со квасец и малку шеќер и брашно, за да се активира. Потоа се додаваат јајца, брашно и маргарин и се замесува меко тесто. Се остава да се одмори 30мин.

2. Се зема дел од тестото, мало топче, се додава еурокрем и се меси да се добие кафеаво тесто од кое се прават долги стапчиња.
3. Сега се премесува и белото тесто, се сука кора, се премачкува со филот од мак и се редат кафеавите стапчиња од тесто. Се сече тестото, како на сликата и се прави поголема стапче. Така се редат во длабок плех, едно врз друго и се остава да ја дуплира масата.
4. Пред печење се премачкува со јајце и се пече на 180С-40 мин. Кога ќе се испече се премачкува со маргарин и се поросува со шеќер во прав.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани