Лек против кашлица (од 2 состојки)
Најчест домашен лек против кашлица и болка во грлото, кој верувам дека нема кој не го пробал како дете, е карамелизиран шеќер со млеко. Ова е понова верзија на домашен лек против кашлица, кој јас го правам веќе неколку години (нормално по потреба).
Тука наместо шеќер, се користат Негро бонбоните, кои имаат состојки со противвоспалително дејство и кои делуваат антивирусно. Со самото тоа овој лек е наменет првенствено за прочистување на дишните патишта и за намалување на секрецијата и иритацијата во грлото. Го стимулира искашлувањето и ја смирува кашлицата.
Подготовката е брза и лесна.
1. Во мало тенџере ги ставаме Негро бонбоните, и ги доведуваме до нивно растопување на тивок оган со мешање цело време. Кога ќе се растопат, го додаваме млекото, мешаме до хомогенизирање.
2. Вака подготвениот лек го ставаме во мала тегличка, нека олади потполно. Се чува во фрижидер и се користи 3 пати на ден по 1 мала лажичка.
Забелешка - Како и секој лек, така и овој може да се конзумира само доколку не сте алергични на некоја од состојките. Може да се направи пола доза, па ако има потреба уште пола доза.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани