Ледени лимон барови (без печење)
Одличен освежителен десерт за летни горештини.
1. Индиските ореви ги ставаме во врела вода да стојат 3-4 часа.
2. Во блендер ставаме урмите, блендираме. Ги додаваме овесните снегулки и повторно блендираме. Смесата ја ставаме во длабок сад. Во блендер кратко ги блендираме оревите. Ги додаваме млекото, кокосовото масло и оревите. Промешуваме. Смесата ја ставаме во правоаголна тава обложен со хартија за печење. Ја распределуваме смесата по целата површина и со лажица ја притискаме. Ја ставаме во замрзнувач.
3. Индиските ореви ги цедиме од водата, ги ставаме во блендер, блендираме. Ги додаваме маџунот, сокот од лимон и половина од изренданата кора од лимон. Блендираме да се добие хомогена смеса. Смесата ја ставаме врз првиот слој, ја наросуваме преостанатата кора од лимон. Ставаме во замрзнувач.
Пред служење вадиме од замрзнувач и сечиме.
*димензии на тавата 23х30
Лиценца: Сите права се задржани