Леб што не се меси
Лебот е фантастичен, со шупликава структура, прекрасна боја и крцкава коричка кога ќе се извади од рерна. Откако ќе отстои еден ден, кората омекнува и е многу тенка и вкусна. Интересна е подготовката, а и не одзема многу време за подготвување.
Ова лебче освен на домашните мои на кои многу им се допаѓа, во редот на љубители баш на вака подготвено лебче е и мојот девер Дејан. Е па Деко еве и запис за оваа убавина.
Подготвуваме
1. Квасецот, шеќерот и 100 мл вода се мешаат и оставаме некоја минута квасецот да се активира.
2. Солта ја ставаме во брашното и со остатокот од млаката вода заедно со активираниот квасец, со помош на дрвена лажица мешаме да добиеме тесто. Го оставаме 1 час да стаса, а може и час и половина.
3. Половината од тестото ја истураме од садот и ја ставаме на обилно набрашнето тавче, па формираме со набрашнети раце векна, а истото го правиме и со втората половина.
4. Го засекуваме со остар нож , а може и со ножички и го ставаме да се пече во загреана рерна на 250 степени, во која сме ставиле да се грее и 1 литар вода во тавче, на долниот дел од рерната.
5. Тавчето со вода го вадиме после 10 минути и продолжуваме со печење на векните уште околу 15-20 минути или додека да поцрвени.
Забелешка
Можете од оваа доза да направите и едно лепче, во округло тавче само истурете ја целата смеса и со помош на набрашнети раце формирајте округло лепче. Значи не го месите, само преметнете го со рацете на двапати за да добие форма на векна или само истурете го во округла тава.
Инаку можете да го печете и на хартија за печење која исто обилно ќе ја набрашните. Пооригинално и повкусно е така, со брашно.
Зависи од брашното, може ќе ви треба некој милилитар помалку или повеќе вода, ама пак внимавајте и да не е многу ретко.
Сувиот квасец што го користам е со пакување од 10 грама и одговара на 40 гр свеж квасец. Имам пробано со 8 гр квасец, нема некоја разлика, а мерката 10 гр е поприфатлива, ставате едно пакетче и сте завршиле работа.
Кога ќе се замеша тестото треба да е помеко од стандардното замесено тесто, многу лепливо или пак малку погуста смесата од тесто за мекици.
И знам дека веќе има поставено рецепти за вакво лебче, ама еве и овој кој е за нијанса поразличен нека стои тука во оваа богата збирка.
Лиценца: Сите права се задржани
Ви благодарам девојки!
a inaku obavezno ke se proba,od koga se tokmam za domasno lepce :)
/cisto za da dokazam deka znam da "MESAM " leb i ke si kutam normlano hehe