Леб со пченкарно брашно,трици и рж што не се меси
Овој леб е создаден за (не)домаќинки кои не се по месењето. Припремата е многу едноставна и не одзема многу време. Иако се пече, сепак е одлична алтернатива за лебот што секојдневно го наоѓаме во продавниците но во подобрена форма богата со растителни влакна.
Подготовка
1. Најпрво квасецот се активира во топла вода и една лажичка шеќер.
2. Брашното се меша со сувите состојки и зејтинот, па во него се додава активираниот квасец и вода онолку колку што е потребно да се добие густа смеса. Сето ова убаво се замешува (најдобро со дрвена лажица) и се остава на топло за да стаса.
3. Потоа смесата се претура во садот во кој ќе се пече. Јас го печев во делимано силиконскиот калап за векни и од останатото тесто испеков округло лепче исто во округлото силиконско тавче.
4. Печењето зависи од густината на смесата, од рерната, а и од искуството на домаќинката Ч) …се препорачува околу 15 минути на 200-220С степени, па потоа уште околу 15 минути на 180С степени.
5. Лепчињата ги премачкав со зејтин ги наросив со мусли, лен и сусам. Изненадете ги вашите домашни со ова супер вкусно и крцкаво лепче што не се меси.
Лиценца: Сите права се задржани