Леб-сендвич
Во топлата вода растворете го квасецот, ставете го шеќерот и оставете го да се активира.
Додајте ги и другите состојки и убаво измесете го тестото. Во месењето можете повеќепати да го удирате тестото од работната маса. Тоа треба да биде меко и мазно. Оставете го да се дуплира, пак малку премесете го и оставете го уште петнаесетина минути.
Сега тестото исучете го и поделете го на два дела. Секој дел премачкајте го со 50 гр. маргарин. На половината од секое парче ставете го филот. ставете тенки парчиња кулен, панцета, ставете исечкана маслинка, нарендајте пекорино или друго тврдо жолто сирење, ставете оригано, сушени домати... или ставете што имате или што сакате.
Сега секој дел преклопете го и пак намачкајте го со маргарин. Сечете парчиња од по десетина см, толку би требало да е висок калапот во кој ќе го печите лепчето (калап за леб, правоаголен) Во него најпрво ставете хартија за печење.
Сега редете ги парчињата едно до друго во калапот, исправени. Вклучете ја рерната на 180 степени, а додека таа се загрее, лебот убаво ќе го исполни калапот. Пред да го ставите да се пече, одозгора премачкајте го со јајце.
Печете отприлика 1 час, а после некое време покриете го со фолија да не ви загори.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
sega se vrativ na postapkata i vidov deka ova mesto kako sendvici doaga-super super zabelezan e vo omileni:)