Лазањи со домашни кори и бешамел сос
Подготовка на филот
На малку масло се пропржува сецканиот кромидотч
На омекнатиот кромид се додава меленото месо, потоа се додава сецканиот лук и останатите зачини. Откако ќе се соединат сите вкусови, се додава доматниот сос и се остава на оган уште 10 минути
Подготовка на бешамел сосот
На оган се топи путерот се додава брашното и кратко се пропржува
Во брашното и путерот се додава млекото, солта и морското оревче постојано се меша додека да зоврие и да се згусне бешамел сосотч
Подготовка на корите за лазањич
Во брашното се додаваат јајцата, водата, маслиновото масло и солта се меша и се меси се заедно да се добие нелепливо тесточ
Тестото се дели на 10 топчињач
Секое топче на набрашнета површина се расукува во тенка коцкаста или правоаголна кора која потоа ја делиме на четвртинич
Откако сме ги расукале сите 10 топчиња и поделиле на четвртини сме завршиле со подготовкат на корите за лазањи.
Редење на лазањите
Во тавче предходно намастено со маслиново масло редиме еден ред кори врз корите распоредуваме месо, врз месото бешамел сос врз бешамел сосот рендан кашкавалч
Оваа постапка ја повторуваме додека ги завршиме сите кори, месо, сос и кашкавалч
На крај горната кора цела ја премачкуваме со бешамел сосч Подготвената лазања ја покриваме со алуминиумска фолија и ја печеме на 200С околу 50 минути до 1 часч
На крај ја посипуваме уште еднаш со рендан кашкавал и кратко ја враќаме во рерна да се растопи кашкавалот.
Пријатно јадење!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови