Најпрво започнуваме со подготовка со бешамел сосот
Брашното го запржуваме кратко на растопениот путер и потоа се додава млекото и постојано мешаме со лажица за да нема грутчиња.

За филот најпрво го пржиме сецканиот кромид, ги додаваме зачините, месото, печурките, а виното и доматното пире го додаваме кога месото ќе биде пржено.
Во тавчето во кое ќе ги печиме лазањите нанесуваме малку масло и редиме еден ред лазањи, над нив ставаме од бешамел сосот, па фил и оваа постапка ја правиме се додека имаме од лазањите и филовите.Кога ке заврши редењето завршуваме нанесуваме малку масло. Ги ставаме лазањите да се печат на 180 степени околу 30 мин.
Ако сакате пред да ги извадите лазањите од рерна нанесете малку рендан кашкавал и павлака заедно измешани.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови