
Лажен ајвар (Сецкан ајвар)
Патлиџаните ги миеме и сецкаме во сецкото.
Сецкајте убаво на ситно како мелено.
Ставете во тенџере на оган и додадете го маслото.
Пржете додека не ја смени бојата и не се соедини.
Додајте ги пиперките кои ги исецкавте исто во сецкото на ситно.
Промешајте убаво и оставете да се пржи.
Мешајте повремено. Штом почне да прави пат како на сликите, тогаш ајварот е готов.
Посолете пред крајот,па оставете уште малку да се попржи да прими солта.
Теглите нека бидат миени и суви.
Наполнете ги веднаш и поклопете веднаш добро затегнувајќи ги.
Превртете од другата страна. Ајварот е преубав.
Ние немаме услови овде да сприготвиме во големи количини, но можеме вака помалку да го сетиме вкусот на ајварот.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови