Ладу индиски колачиња (без глутен) - Laddu
Ладу се традиционални индиски колачиња кои се служат на свадби и различни веселби. Има повеќе видови и начини на подготовка на колачињата. Покрај брашно од наут може да се користи и семолина. Во Индија користат прочистен путер, но може и вака да се подготви.
Кон основата може да си додавате се што ви се допаѓа (јатки, суво или кандирано овошје, ликери и слично.)
1. Во сад ставете го путерот и оставете да се растопи на тивко. Потоа додадете го брашното да се пржи и мешајте константно.Треба убаво да се испржи и малку да потемни.
2. За 1/4 лажичка кардамом ви требаат околу 5-6 големи зрна, односно зрнцата од внатрешноста кои ќе ги истолчите. Се додава и медот и кората од лимон и убаво се меша. Потоа млекото во прав и сите останати состојки кои сте ги избрале.
3. Промешајте убаво (или малку подмесете со рака) треба да добиете компактна смеса, со средна конзистенција.
Оставете сосем малку да се излади и формирајте ги колачињата.
Вообичаено се прават во форма на бомбици и се декорираат со јатка или суво грозје од горе. Јас искористив силиконско калапче.
Дополнително се декорирани со глазура (шеќер во прав и сок од лимон) и шеќерни срца затоа што беа за на забава =)
Чувајте ги во кутија на собна температура, бидејки путерот и брашното во фрижидер дополнително се стврднуваат.
Пријатен апетит =)
* Јас избрзав и не дочекав целосно да ми се испржи брашното, но сепак на вкус ни се допаднаа.
* Како се лади смесата станува посува, па треба да бидете брзи кога ги оформувате.
Лиценца: Сите права се задржани
Благодарам девојки, мило ми е што ви се допаднаа :)
Наде, кардамом има во Веро, зачинот е со цитрусен вкус и мирис, одлично оди и во сируп за баклави во комбинација со лимон и портокал.