Кус кус салата со брокули и семки од бор
Секојдневно да се мислиме што се да се понесе на работа. Да биде здраво, да биде свежо. Овој пат оваа убава салата. Оваа прекрасна салата, во оригиналниот рецепт е со повеќе брокули. Е сега јас малку си го изменив според моите вкусови. Додадов повеќе видови на пиперка, па го направив поосвежителен.
Подготовка:
1. Во сецкото ставете ги сите состојки освен кус кусот, солта и маслото. Сецкајте, но не на многу ситно.
2. Кус кусот попарете го со врела вода и оставете да нарасне.
3. Редете во тегличката, ред кус кус, сол, масло, па мешавина од зеленчукот. Повторете ја постапката додека имате состојки. Имате прекрасен здрав ручек или вечера.
На здравје.
*Забелешка - Јас попрскав и по некоја семка од бор и сончоглед, онака не мелени, да ми крцкаат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови