7
апр
2021
Кукис со јаболко и чоколадо (стар рецепт)
Подготовка:
1. Плехот го обложуваме со хартија за печење. Ја вклучуваме рерната на 190 степени да се загрее.
2. Во сад ги ставаме јајцето, ванилата и шеќерот. Кратко со миксер соединуваме. Го додаваме путерот и пак соединуваме.
3. Со исклучен миксер додаваме рендано јаболко, цимет, пециво и брашно. Додаваме сецкано чоколадо. Со шпатула соединуваме. Со помош на две лажички ставаме врз плехот, да бидат на мало растојание.
4. Печeме околу 15 минути. Ги вадиме на решетка да се изладат, па ги послужуваме и дегустираме со добро друштво и кафе.
* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.
Лиценца: Сите права се задржани