Вкусен и ароматичен десерт, начин плус како да се искористи тиквата.

1. Прво подгответе го крамбл делот.
Во сад ставете го маргаринот (ладен) исечен на коцкички, додадете го шеќерот, брашното помешано со циметот и солта и оревите и убаво со рака измесете за да добиете грутки. Потоа ставете го садот во фрижидер.
2. За тестото, маргаринот ставете го во сад за матење и додадете го кафениот и ванилиниот шеќер. Матете подолго време за шеќерот да се растопи. Потоа едно по едно додавајте ги јајцата и матете додека се добие убава смеса. Во садот со брашно додадете ја солта, циметот, морското оревче, пецивото и содата. Матејќи додадете ја тиквата претходно испасирана, па додадете малку од брашното. На неколку пати додавајте од јогуртот и од брашното додека не се потрошат. На крај додадете го сокот и кората од портокал и убаво промешајте. (Доколку користите варена тиква може ќе треба да додадете плус брашно за да се добие убава густа смеса).
3. Калапот за куглоф намрсете го убаво, па ставете дел од тестотот и со лажица израмнете. Потоа од горе ставете дел од крамбл тестото. Покријте со убав слој од жолтото тесто, израмнете, ставете го останатиот крамбл и покријте со преостанатото тесто. Ставете да се пече во загреана рерна на 180С 45-50мин. (проверете со чепкалка дали е готово).
Оставете малку да се излади па превртете го калапот на чинија. По желба додека сеуште е топло може да го полиете со неколку лажици сок од портокал. Вкусно е и топло и ладно.

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани