Куглоф до тиква и Нутела
Изматете го маргаринот со шеќерот и ванилата (3-4 мин). Додадете ги јајцата едно по едно, при што секое ќе го матите околу една минута. Измешајте ги брашното, солта и пецивото, па додавајте ги наизменично со пирет оод тиква. Мешајте полека и внимателно додека целата смеса убаво се изедначи.
Истурете 2-3 од смесата во намастен калап за куглоф, а во останатата третина вмешајте ја нутелата па, додадете ја во калапот. Со вилушка или стапче за ражничи измешајте да се исшара.
Печете во загреана рерна од 175С 40-50 минути.
Печениот колач кога малку ќе подизлади (по 15-20 мин) одвојте го од модлата и повторно вратете го назат.
Во мегувреме направете го сирупот. Исцедете ги портокалите и лимонот и измешајте го сокот со шеќерот. Загревајте на умерена температура додека се растопи шеќерот па тргнете на страна, едно 10 минути да подолади.
Се уште топлиот колач, избодете го со вилушка или стапче за ражничи и прелијте го со топлиот сируп. Оставете го убаво да се спои и впие, па превртете го на чинија за сервирање. Одозгора прелијте го со чоколаден бел прелив и украсете со перли или пак послужете го со шлаг.
Лиценца: Сите права се задржани