Ова е најбрзиот рецепт за леб со квасец кој јас сум го направила. Од почеток до крај, ќе потрошите помалку од 2 часа. За брзо ферментирано тесто има неочекувано добар вкус.
Помешајте ги сите состојки и во миксерот месете го тестото на средна брзина 10 мин. додека не стане мазно, еластично и кадифесто. Може да месите и на рака зошто не е лепливо. Оставете да стаса само 15 мин. на топло. Лесно премесете го, формирајте топка. Попрскајте ја со вода, обилно посипете со сусам и засечете ја површината како крст. Лебот ставете го на хартија за печење во мал плех, па во незагреана рерна на средно ниво. Во рерната ставете и еден сад со врела вода и вклучете ја рерната на 200Ц. Печете 50 мин. додека не добие убава боја, или додека термометарот за тесто не ви покаже внатрешна температура од 95Ц.
Изладете го лебот на решетка завиткан во сува крпа. Ако сакате поцврста кора, ладете го не завиткан.
Овој рецепт е дел од испробаните рецепти на БББ групата.
Нека не ве загрижуваат кратката прва ферментација, изостанокот на втора ферментација, печењето во незагреана рерна, така треба.....
Шољата е од 250 мл.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови