Кубански леб
Ова е најбрзиот рецепт за леб со квасец кој јас сум го направила. Од почеток до крај, ќе потрошите помалку од 2 часа. За брзо ферментирано тесто има неочекувано добар вкус.
Помешајте ги сите состојки и во миксерот месете го тестото на средна брзина 10 мин. додека не стане мазно, еластично и кадифесто. Може да месите и на рака зошто не е лепливо. Оставете да стаса само 15 мин. на топло. Лесно премесете го, формирајте топка. Попрскајте ја со вода, обилно посипете со сусам и засечете ја површината како крст. Лебот ставете го на хартија за печење во мал плех, па во незагреана рерна на средно ниво. Во рерната ставете и еден сад со врела вода и вклучете ја рерната на 200Ц. Печете 50 мин. додека не добие убава боја, или додека термометарот за тесто не ви покаже внатрешна температура од 95Ц.
Изладете го лебот на решетка завиткан во сува крпа. Ако сакате поцврста кора, ладете го не завиткан.
Овој рецепт е дел од испробаните рецепти на БББ групата.
Нека не ве загрижуваат кратката прва ферментација, изостанокот на втора ферментација, печењето во незагреана рерна, така треба.....
Шољата е од 250 мл.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Fala vi!
Cestitam i srekni praznici!
Ете и ние би сакале да го споделиме овој поттик од Лилјана, да се посветите сите малку повеќе на фотографиите...сега со дигиталната техника може слободно да се направат повеќе фотографии од различни агли, со различна светлина (блиц, дневна светлина), па да се одбере најуспешната :)
Ako go podignam kriteriumot za fotografiranje na hrana ke mi bidi mnogu drago, se razbira.
Vsusnost zabuna mi se stvori zosto mislev deka se odbira spored brojot na "Like"-ovi, a jas nemam FB profil, taka da nemam ni moznost da gi soberam vo adekvaten broj.
Seedno, cuvstvoto e mnogu prijatno :))
Можеби не е лошо да имате профили до почетокот на гласањето, за да го следите гласањето за вашите рецепти кои се веќе одбрани за Рецепти на денот :)
Vi posakuvam plodna rabota drago moe urednistvo!!!
Ne se trevozi mnogu, uceni sme si i so i bez nagrada, pak doma i po komsii isto ke ni bendisuvat, de! E sega za toj delot so receptot ke se slozam kompletno, posebno zosto i denes zabelezav nesto slicno, ako ne isto. Toa veke iritira i redakcijata ne bi trebalo da dozvoli da se slucuva. Ovde te poddrzuvam!!!. Odam sega da vidam sto stori Jule so koncite :)))
Во врска со натпреварите...Бројот на лајкови не е тој број што го гледате овде - тоа ќе биде бројот на лајкови кој истовремено ќе почне да се брои за сите во посебен албум на Facebook на почетокот од следниот месец. И не грижете се, ако судиме според бројот на прегледи на вашите Рецепти на денот, без проблем ќе добиете и многу лајкови :)
Во секој случај, доколку забележиме дека има злоупотреба на овој начин на гласање - ние сме тука за да реагираме и ако треба да промениме некое од правилата. Сепак, според тоа со какви врвни личности се дружиме овде, не веруваме дека ќе има некои проблеми...а за наградите - па на крајот на краиштата, тука сме...ако не овој месец, следниот можеби токму вие ќе освоите некоја од главните награди :)
Искрено, МоиРецепти
Eve ke stavam ovde slika da vidis deka navistina go pravev jas ovoj rolat ...a ne e golema mana oti sum rekla deka e po receptot na Pavloska...neznam kako ke go razberes toa ako stavam slika kaj tebe, pa toa e uspehot na toj recept, isprobuvanjeto, a receptot e isti, pa neli sme za toa tuka, da ucime i da se druzime... ne da stancame recepti... A za nagradite, malku vazno ... eve jas nema da razmisluvam za nagradi tuku za druzenje i toa po moznost iskreno virtuelno druzenje... ne e maana na urednistvoto, nasa si e maanata, nie ne umeeme, moznosta ni e dadena..
.Lilin ke oprosti sto tuka ke vpletkam i slika od rolat, dobra dusicka e ona
Se nadevam ke bidis zadovolna od rezultatot. Po mene, podobro e pola doza, ako se potrosi, brzo ke napravis drug :)
Го направив :) Знаеш кога ќе ти се умота нешто во главе?! Е,тоа!Мир да си немаш.
Мене ми се допаѓа лебот,иако е погуст внатре.Кога почнав да го печам беше на пат и да го изгорам,200 степени за мојата рерна мислам дека се премногу,па намалив на 170-180 и пак го печев 50 мин.За следниот пат не знам дали би била добра идејата да го печам на потивко и не толку црн кубанец да ми излези?!
Не очекував но лебот си има посебен вкус
Pa i mojot e temen odozgora... Ako go pecis na potivko premnogu debela i pretvrda korata ke bidi, mislam deka taka poloso e. Vistina ima ubav vkus, ama mene pak mi smeta sto e gust, jas poveke bendisuvam leb so meuri. A mozi pak posle nekade 25 - 30 min da se namali temperaturata na rernata kako ti sto si napravila e dobra opcija. Vaka na slika mene ne mi izgleda temen voopsto. Site moi lebovi se so res kora :)))
Fala ti mnogu :))
Дегустаторот не ми е дома дојден се уште,баш ме интересира што ќе каже :))
Мене лично не ми смета што е погуст,бидејќи 80% од лебот што го месам е кажи-речи ваков,но и меурчиња сакам,посебно течниот леб.
Твоите лебови сите ми се хит на изглед,а еве се потврдува дека и на вкус не заостануваат.
Ama za vaka treba bavna fermentacija, 2 dena
ама и овој другиов не е ништо полош ;)
И да си се правиш важна,заслужуваш,нема што.
Не сфаќам криво,слбодно шали се и тоа е потребно.
Јас ти посакувам мирен сон