7
мар
2013
Крцкави печени компири со свинско месо
Компирите ги миеме, лупиме и ги засекуваме на кришки, но не до крај. Секоја кришка да е со дебелина од околу 3 -4 милиметри.
Помеѓу сите кришки ставаме малку лук.Одозгора на компирите ставаме по една коцка путер, ги преливаме со масло и ги зачинуваме со сол и црн пипер по желба.
Месото го сечкаме на ситни коцки ( може и претходно да биде отстојано во зачин ( вегета , сол ) по желба.
Го редиме во тавата со компирите.Полеваме со вода и го ставаме во рерна.
Печеме на 220 степени околу 40 минути , 15 минути пред крајот го ставаме и мешаниот зеленчук.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови