Крцкави печени компири со свинско месо

Состојки
- 6 компири
 - 2 чешниња лук
 - 2 лажици масло
 - 30 грама путер
 - пола килограм свинска кртина
 - 200 грама мешан зеленчук( грашак, морков, пченка)
 - 1 филџан вода
 
Подготовка
Компирите ги миеме, лупиме и ги засекуваме на кришки, но не до крај. Секоја кришка да е со дебелина од околу 3 -4 милиметри.
 Помеѓу сите кришки ставаме малку лук.Одозгора на компирите ставаме по една коцка путер, ги преливаме со масло и ги зачинуваме со сол и црн пипер по желба.
 Месото го сечкаме на ситни коцки ( може и претходно да биде отстојано во зачин ( вегета , сол ) по желба.
 Го редиме во тавата со компирите.Полеваме со вода и го ставаме во рерна.
 Печеме на 220 степени околу 40 минути , 15 минути пред крајот го ставаме и мешаниот зеленчук.