Крофни со цимет
Во знак на покладните празници еве еден едноставен рецепт за ароматични крофнички со цимет кој случајно го открив на интернет страна за ерменски рецепти.
Во сад се меша брашното со прашокот за пециво и циметот.
Јајцата се матат со шеќерот, путерот и млекото. Постепено се додава брашното. На почеток се мати со миксер, но потоа се префрла на побрашнета површина и се домесува.
Се расукува до дебелина од 1 см. и се сече со чаша. Со помала чашка се отсекува средината за да се добијат прстени.
Прстените и средините се пржат во врело масло, прво од горната страна, а потоа и од другата страна - убаво да поруменат.
Испржени, се посипуваат со шеќер во прав.
Да напоменам дека при пржењето не впиваат масло.
Од наведената количина излегуваат околу 15 прстени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови