Крокети од модар патлиџан и кашкавал
Модриот домат излупете го и исечете на помали коцки.
Ставете го во тава заедно со исецканиот лук, малку маслиново масло и налејте малку вода.
Поклопете со капак и оставете да се динста на среден оган додека омекне.
Потоа оставете да олади и истискајте го низ цедалка вишокот на вода.
Убаво исцедениот домат ставете го во сад и истолчете го.
Додајте го јајцето и измешајте.
Потоа додајте го кашкавалот, магдоносот, куркумата и лебните трошки.
Измешајте убаво.
Ако има потреба додајте уште малку лебни трошки, но не многу, смесата треба да биде мека, но сепак да може да се оформат крокетите.
Со намрснати раце земајте од смесата и оформете крокети.
Свалкајте ги во лебни трошки и пржете ги на среден оган со малку маслиново масло.
При пржењето додавајте по потреба масло.
Може да ги испржите и во длабоко масло, за пократко време, но јас секогаш практикувам вака да си ги пржам.
Послужете ги со јогурт, кисело млеко, кефир, павлака...