Криспи јаболка (без глутен)
Овој рецепт одамна го најдов на нет и чекаше само на ред кога ќе го направам. Долго време му се токмев. Се разбира, јас само го прилагодив за безглутенците :)
Многу е добар, да не кажам заразен .....). Ја задоволува потребата за благо, а пред се е многу здрав.
1. Брашното, засладувачите, оризовите пуканки, мешавината од брусница и ореви и стопениот путер се мешаат во сад со дрвена лажица.
2. Јаболката се лупат и се делат на четвтринки. Секоја четвртина се сецка на кришки по ширина. Кришките јаболка се ставаат во сад и се полеваат со сок од половина лимон и се помешуваат.
3. Путерот се топи на оган, па се додаваат медот, стевиата и циметот. Се меша се додека не се растопат целосно медот и стевиата. Се додаваат јаболката и се мешаат со благи движења на дрвената лажица. Се додава малку вода и се меша постојано додека јаболката не омекнат (сосот не треба целосно да испари).
4. Потоа, филот од јаболката се префрла во тенџере д=23 или 26 и убаво се распоредуваат, а врз нив се распоредува преливот.
5. Се пече околу 25-30 мин.на 180⁰Ц.
Парчињата се вадат со лажица и се сервира со сладолед.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови