Одличен десерт, здрав и вкусен истовремено.
Се подготвува само за 15 минути.
Чоколадото, путерот, млекото и кремот ги ставаме во сад на тивок оган додека се стопи чоколдаото и смесата не стане кремаста.
Снегулките, сувите овошја и лешниците ги ставаме во посебен сад. Го додаваме чоколаднио крем и убаво ја изедначуваме смесата со мешање.
Смесата ја ставате во модла по ваш избор и оставате убаво да се олади, најдобро преку ноќ.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови