Испечати

Криспи чоколадо со суво овошје

Криспи чоколадо со суво овошје

Состојки

  • 100 гр оризови-пченкарни какао снегулки
  • 50 гр бело суво грозје
  • 4 сушени кајсии
  • 50 гр сува брусница
  • 50гр толчени лешници
  • 100 гр темно чоколадо со минимум 60% какао
  • 60 гр путер
  • 2 лажици нугат крем
  • 4-5 лажици млеко

Подготовка

Одличен десерт, здрав и вкусен истовремено.
Се подготвува само за 15 минути.
Чоколадото, путерот, млекото и кремот ги ставаме во сад на тивок оган додека се стопи чоколдаото и смесата не стане кремаста.
Снегулките, сувите овошја и лешниците ги ставаме во посебен сад. Го додаваме чоколаднио крем и убаво ја изедначуваме смесата со мешање.
Смесата ја ставате во модла по ваш избор и оставате убаво да се олади, најдобро преку ноќ.
На здравје!