Кременадли со сос
За љубителите на месо еден предлог од мене. Најпрво месото кратко динстајте го со малку вода и сол. Кога малку ќе омекнат извадете ги и испржете ги во врело масло од двете страни. Јас обично ги пржам повеќе бидејќи такви ги сакаат домашните.
Во меѓувреме направете го сосот. Лукот исецкајте го ситно и заедно со морковите, печурките и зачините пржете во врело масло, додадете ги зачините, павлаката и потоа ставете ги претходно на парчиња сечени и потсварени компири. Пред да биди готов сосот ставете го балсамикото и пржете уште некоја минутка. Кога ќе биди готов сосот натурете ги кременадлите. На здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови