Денешниот вкусен ручек, кремаста чорбичка. Да ја видиме подготовката.

1. Запржете го ситно сецканото кромитче. Месото исечете го на коцки и ставете го да се запржи заедно со кромитчето. Откако ќе се запржи ставете ги печурките. Јас користев маринирана мешавина на печурки. Морам да кажам дека сме љубители на печурки. Ги промешав и оставив да покрчкаат кратко. Зачинив.
2. Мешавината за сос од печурки ја промешав со водата, па добро ја разматив и ја додадов на месото и печурките. Промешав и оставив на тивко да крчка. Пред крајот, додадов свеж ситно сецкан магдонос.
На здравје со оваа превкусна кремаста чорба од месо и печурки.
Топло ја препорачувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови