Крем супа од печурки
1. Најпрво шампињоните се мијат и се сушат, па се сецкаат на ситни парчиња и се ставаат со тенџере на оган додека да испари течноста која ќе ја пуштат. Се става и ситно сецкано чешне лук. Се додава малку маслиново масло и се пропржува некоја минута.
2. Во меѓувреме, додека печурките се пржат, 1 коцка зеленчукова супа се раствора во 500 мл вода, и кога печурките ќе бидат готови, се додава во нив. Се остава на тивок оган околу 10-тина минути.
3. Откако поминале 10-тина минути, печурките се блендираат, па во нив се додава 200 мл вода, во која сте раствориле 2 лажици брашно. Се остава на тивко да се вари околу 20-тина минути, се става сол, мешан сув зачин, и во зависност од тоа колкава густина сакате да има супата може да додадете уште вода.
4. Ставете сецкан магдонос и сервирајте!
На здравје!
Забелешка - брашното може да го ставите и на почеток, кога ќе ги запржувате печурките.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови