Торта која и дава посебна топлина на домашната трпеза во новогодишните празници. Кај нас една од омилените одлична комбинација на сочен бисквит искомбиниран со убава мус-крема со маскарпоне во комбинација со јагоди....милина.
Подготовка.
Бисквит.
Белките оделете ги од жолчките и веднаш изматете ги во густа пена, додадете го шеќерот и повторно матете. Жолчките изматете ги во посебен сад заедно со шеќерот. Двете смеси соединете ги лесно мешајќи со шпатула, додадете го брашното, кората од лимон, пецивото, џемот од јагода и малку црвена прехрамбена боја.
Смесата сипете ја во делимано округлата тава 26см. јас не ја премачкав немаше потреба бисквитот со гаранција нема да се залепи. Печете на 180степени дваесетина минути. Проверете убаво со чечкалица дали ви е средината печена. Бисквитит превртете го на соодветен тањир и оставете да се подизлади.
Прелите го бисквитит со млекото и естрактот од јагоди...

Фил
На желатинот додадете му ладна вода(2лажици) и оставете го на страна.
Маскарпонето изматете го со шеќерот во прав додадете го и желатинот повторно убаво се изматете.
Слатката павлака предходно изматена додатете ја во филот со маскарпоне,повторно додадете малку екстракт од јагода и малку ванила.
Филот нанесете го врз бисквитот на начин на кој вас ви одговара јас еден дел го нанесов со шпатула во преостанатиот дел додадов малку црвена боја и филував со шприц.
Користев прелив за торта содржината на кесичката ја исипувате во сад заедно со три лажици шеќер и три лажици вода кои ги одзимате од 250мл.вода.
Остатокот од водата ја загревате до вриење тргате на страна и ја сипувате смесата со преливот повторно враќате на шпорет додека не зоврие константно мешајќи.
Преливот оладете го една минутаа и прелите го врз јагодите.
Оставете ја тортата да се излади неколку часа во фрижидер па послужете.
На здравје!!!
Забелешка
Водата за преливот може да ја замените со некој овошен сок па преливот ќе има црвена боја јас филот го обоив затоа немаше потреба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани