Крем карамел
1. Прво се прави карамелот. Во сад се става шеќерот со водата да се карамелизира до кафеавкаста боја. Веднаш се истура во калапот низ целото дно и малку на страниците.
2. Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, додека се изедначат, се додава млекото и уште малку се промешува.
3. Се истура смесата во калапот, се става во тавче со вода (1/3 од тавчето треба да е со вода). Калапот се прекрива со алу фолија.Тавчето се става во рерна, загреана на 200 ст.С и се пече 60 мин. Нека не ве плаши “трбушниот плес“ во средината на кремот. Кога ќе се излади, ке го снема. А одкако ќе се излади кремот, се става во фрижидер да се излади убаво. Се вади и страниците се одвојуваат со нож, па се превртува во чинијата за сервирање.
На кремот, по желба може да му се додаде чоколада, павлака, ванила...
Bonne apetit!
Лиценца: Сите права се задржани
баба ми го правеше кога бев мала, ама тогаш не го сакав.
пред некоја година ми текна на вкусот и сфатив дека сега веќе го обожавам тој вкус. најдов на интернет рецепт и ги земав од кај моите чашките за калапчиња што ги користеше баба ми :)
рецептот од интернет што го најдов е поинаков од овој, покомплициран за спремање, па следниот пат овој ќе го пробам. не се ни сомневам во вкусот :)
фоткава ти е супер!
може да прашаам?
дали сите се ЧАБИ кај тебе дома?
би било логчно ако вака добро спремаш цело време :) :) :) :)
Аница ова не сум правела ама нели треба нешто за арома нема многу да мириса на јајца?Би го пробала рецептов затоа прашувам.
Кремчето изгледа супер само не знам дели јас успешно ќе го направам ова чудо... ама, дур не пробаш-не знаеш хехе ;)
и обавезно ванила, јас не правам слатко без ванила, пишувало во рецепт или не (за цимет се мислам, ам сегкогаш цимет победува) :) :) :) :)
често ставам цимет во млекото со нес (кавето не се ни чувсвива, чиско колку да не ставам несквик), а и какао кога си правам, ставам мед и цимет.....се превртувам :)