Испечати

Крем карамел

Крем карамел

Состојки

  • 8 јајца
  • 800 мл млеко
  • 5-6 лажици шеќер
  • 8 лажици шеќер со 2 лажици вода (за карамел)

Подготовка

1. Прво се прави карамелот. Во сад се става шеќерот со водата да се карамелизира до кафеавкаста боја. Веднаш се истура во калапот низ целото дно и малку на страниците.
2. Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, додека се изедначат, се додава млекото и уште малку се промешува.
3. Се истура смесата во калапот, се става во тавче со вода (1/3 од тавчето треба да е со вода). Калапот се прекрива со алу фолија.Тавчето се става во рерна, загреана на 200 ст.С и се пече 60 мин. Нека не ве плаши “трбушниот плес“ во средината на кремот. Кога ќе се излади, ке го снема. А одкако ќе се излади кремот, се става во фрижидер да се излади убаво. Се вади и страниците се одвојуваат со нож, па се превртува во чинијата за сервирање.
На кремот, по желба може да му се додаде чоколада, павлака, ванила...
Bonne apetit!