31
мар
2021
Крекери
1. Во длабок сад ги ставаме семињата, овесните снегулки, ‘ржаното брашно, јачменовото брашно, сол, буковец, лукот во прав и пецивото. Промешуваме.
2. Ги додаваме маслиновото масло и водата. Мешаме со лажица.
3. Смесата ја ставаме во тава обложена со хартија за печење. Врз смесата ставаме уште една хартија за печење за полесно и подеднакво да ја расукаме смесата. Ја вадиме хартијата за печење што ја ставивме одозгора. Со нож сечеме во големина по желба.
4. Печеме на 180 степени 25-30тина минути, во зависност од јачината на рерната, ќе ги проверите да не изгорат.
Лиценца: Сите права се задржани