Кравајче со бомбони
Уште еден мој рецепт за слатко кравајче. По овој рецепт правев прв пат кравајче и повеќе ни се допадна отколку тој што го имам претходно испратено.
1. Најпрвин ја рендаме кората од лимонот, а потоа го цедиме лимонот.
2. Од брашното, маслото, шеќерот, квасецот, киселината, кората од лимон, сокот од лимонот и солта замесуваме средно тесто. Од тестото правиме кравајчина. Ги украсуваме со бомбони. Кравајчината ги редиме во плех обложен со хартија за печење и ги оставаме да стасаат.
3. Ги печиме на 180 степени 10 минути, а потоа намалуваме на 160 степени и печиме уште 15 минути.
4. Врелата вода и шеќерот ги мешаме заедно додека да се стопи шеќерот. 5 минути пред вадење ги премачкуваме кравајчината со шербетот и ги враќаме во рерна да се допечат уште 5 минути.
Филџанот е 200 мл.
Лиценца: Сите права се задржани
Blagodaram Svetulka :)
Moite sinovi vo leto koga bea mali sedea vo prilep na gosti , i obavezno majkami im mesese kravajcina, pa peea, pa so gumce zbiraa maslo, pa brasno,...prekrasen adet.