12
авг
2012
Слатко кравајче
1. Се заваќа квасецот со топла вода, се додава брашното, шеќерот, сода бикарбона, ванилиниот шеќер, сокот од лимон, сокот од портокал, маслото и по потреба млака вода. Сето убаво се меси така што тестото да не е многу тврдо. Потоа се остава да нарасни.
2. Нараснатото тесто се дели на 8 дела, секој дел посебно се меси и од секој дел се формира по едно кравајче и на секое кравајче се ставаат од шеќерчињата.
3. Кравајчината се редат на плех кој е посипан со брашно и се оставаат уште малку да нараснат.
4. Се печат најпрвин на 200 степени додека да се заруменат, а потоа намалуваме на 150 степени.
Лиценца: Сите права се задржани
те молиме обиди се да ги дополниш состојките преку копчето „Измени“ десно од името на рецептот. Ако не успееш, јави ни.
А, бидејќи си нов член на МоиРецепти, неколку дополнителни совети:
- Кога ги прикачуваш фтографиите, штиклирај го полето „Ова е моја авторска фотографија и не е преземена од друг извор“.
- Кога ќе ги фотографираш готовите јадења, за да можеш да учествуваш во сите наши натпревари, оброкот треба да биде сервиран во чинија. Повеќе за натпреварите тука http://moirecepti.mk/category/natprevari/
- Бидејќи имаш веќе 5 објавени рецепти, добиваш подарок Делимано калапи за колачи. Испрати ни ги твоите податоци (име, презиме, адреса, телефон) на следниот линк http://moirecepti.mk/kontakt/
Те очекуваме со нови вкусни рецепти :)
Da se pridruzam i jas kon cestitkite!!!
Рецептот не можам никако да го изменам, се обидувам постојано но неуспешно, доколку може тоа нека го направи администраторот. Во горенаведените состојки недостасуваат сок од еден лимон, сок од еден портокал, топла вода по потреба и мали шеќерчина, односно бомбони. Лилјана се мисли на бомбони, се извинувам за забуната:)