Слатко кравајче
Состојки
- 1 килограм брашно и уште малку за посоп
- 1 пресен квасец
- ½ мало лажиче сода бикарбона
- 5 лажици шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 150 мл масло
Подготовка
1. Се заваќа квасецот со топла вода, се додава брашното, шеќерот, сода бикарбона, ванилиниот шеќер, сокот од лимон, сокот од портокал, маслото и по потреба млака вода. Сето убаво се меси така што тестото да не е многу тврдо. Потоа се остава да нарасни.
2. Нараснатото тесто се дели на 8 дела, секој дел посебно се меси и од секој дел се формира по едно кравајче и на секое кравајче се ставаат од шеќерчињата.
3. Кравајчината се редат на плех кој е посипан со брашно и се оставаат уште малку да нараснат.
4. Се печат најпрвин на 200 степени додека да се заруменат, а потоа намалуваме на 150 степени.