Подготовка

1. Изрендајте ги јаболката и додадете го лимонот во нив.

2. Во тавче ставете го шеќерот и карамелизирајте го без мешање, само со протресување на тавчето.
Кога ќе се направи карамел, додадете го путерот и мешајте да се стопи.

3. На крај додадете ги ренданите јаболка и оревите и мешајте на низок оган околу 5 минути, односно да им испари сокот. Минута – две пред крај додадете го и циметот.

4. Во сад за месење ставете ги сите состојки освен брашното кое ќе го додавате постепено со месење додека не добиете глатко тесто. Тестото покријте го и оставете го да одмори 15 минути.

5. Потоа поделете го на 20 топчиња. (јас добив околу 600 гр тесто и мерев по 30 гр парче да ми е и на крај 18 ми излегоа. .

6. Секое топче, редоследно почнувајќи од првото, го расукуваме тенко во круг, засекуваме со нож до пола и ставаме до засекот 1 лажиче од филот со карамелизирани јаболка. Ќошето од тој дел заедно со филот го превртуваме во една насока, при што долниот дел го притискаме со прстите да се залепи. Кога кружно ќе го зароламе цело парче, долниот дел убаво го облепуваме со прстите и потоа краевите ги спојуваме, така да дното на колачето да стани кружно. По работ кај е завршетокот на витканото колаче, во линија со него, лепиме афион (ако немате или несакате, не мора).

7. Печиме на 170С околу 25 минути. Печените колачиња кога ќе оладат благо ги посипуваме со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови