- Доматот зависно од големината исечете на подебели кругови но потрудете се да бидат во еднаква дебелина (доколку сечете голем домат), наредете во плех покриен со хартија за печење, посолете одозгора, ставете на сонце. Сушете го преку ден, навечер внесете го за да преку ноќта не се врати влажноста.
- Печете го кога на допир ќе биде како сушените кајсии, да не е пресушен и крцкав.
- Кога е готов, ставете го во сад во кој сте ставиле уште малку сол, маслиново масло, а и не мора. Зачинките кои сте ги вие избрале, измешајте ги, потоа полнете теглите, дополнети ги со масло. Можете да го чувате во фрижидер,а доколку сакате поголем рок на трајноста, тогаш пастеризирајте ги теглите на вообичаениот познат начин или во рерна или во тенџере со вода која да врие толку додека не се затворат капачките.
Има многу рецепти за конзервиран сув домат, јас би сакала да кажам дека на било која сорта домати да сушам семето не го вадам. Некогаш при самото сечење со намрснета четка поминувам врз исечениот домат, посипувам со малку шеќерче и сол и ставам оригано,па сушам, но најчесто вака на вообичаениот начин.
Овој пат почнав со Шери доматчињата.
Секако дека кој има дехидратор слободно нека суши во него и не само домати и друга вид на зеленчук и овошје.
Ги посолувам затоа што забележав дека кога ќе ставам сол мувите не слетуваат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани