Лук - конзервиран
Уште поштено ниту летото не дошло, јас започнав со зимните пикантерии. Рецептот е само за оние кои сакаат лук, за другите неважи. Рецептот ми е од пријателка виртуелна... од ФБ - од мојата драга Наталија... се изнаприкажавме за еден обичен лук... за да на крај мојата радозналост ја поставам и овде. Секогаш ставам во оцет мали кромидчиња, ама лук никогаш. Ако некој како мене е многу радознал за овакви пикантерии, еве и овде нека стои рецептот кој и не е некој рецепт, кратко и јасно, имено -
1. Потребно е млад лук кој штотуку ги формирал чешнињата, како што јас велам - додека е млечен.
2. Се чисти лукот, и се полнат теглите од 700 мл., додадете магданос или копар,
3. На секоја тегла се става по 1 лажица сол
4. Се залеваат теглите со оцет, затварате со капачките и право на полица.
Тоа е се народе,
Заради тоа што нема сеуште обележено поле за категоријата Зимница, а мора да се пополни, јас ја избрав категоријата Ручек... ми се причини како најадекватно.
Лиценца: Сите права се задржани
Za Beti koja prasuva za vkusot, jas ne probav, ama maz mi rece deka e krckav i koselkast, so diskreten vkus :)))
Lile, fala ti :)