Колкупати сме се откажале од некои рецепти само и само поради тоа Кондензирано млеко кое е напишано како состојка и кое ја прави целата магија на вкусот,  не ни е достапно. Но дилемата за мене веќе е решена, нема зошто да прашуваме со што ли да го замениме ова млеко како состојка. Нема замена за него, незаменлив е неговиот вкус, затоа еве го рецептот и повелете ја неговата кратка, лесна и успешна работа.

1. Во сад, касеролата, го ставаме шеќерот и го заливаме со водата. Се става на оган да зоврие 3-4 мин. и се трга кога ќе видите дека на површина има пооооолно меури.
2. Веднаш префрлете го овој сируп кој ќе го добиет во мултирпактик, додадете го маргаринот и мешајте, кога маргаринот е веќе истопен и споен со шеќерот додадете ја павлаката. Продолжете да мешате, а во меѓувреме ставајте две по две лажици од млекото и за цело време мешајте го. Така се додека потрошите одредената количина на млекото, мешајтејте го уште кратко време... готово. Префрлете во тегла и навистина се опуштете да уживате.

Забелешка
- Од почетокот ќе ви се чини многу ретко, да на ве загрижува тоа, додека да се олади, тоа ќе се згусти.
- Од оваа количина на состојки јас добив 300 мл. млеко со прееееекрсен мирис и вкус, а потоа колачот кој го направив со него, си реков:
-Магичен овој колач,но за таа магија е заслужно ова млеко,
Уживајте и веќе не ги одминувајте рецептите каде што е потребно како состојка ова млеко, спремето го, никогаш нема да се покаете, ќе бидете благодарни на истото бидејки ќе ви ги збогатува вкусовите на колачите....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани