Пастели, традиционален грчки десерт, мој омилен, после раванијата секако, е всушност стар рецепт уште од античка Грција, се состои од сусам и мед.
Класичниот рецепт е всушност од овие две состојки, јас во прилог ви објавувам вистинска енергетска бомба. Не соджи дополнителен шеќер, само мед што ги прави овие пастели совршени.
(Кај нас се познати како сусамки)

Во сад на тивок оган ставете го медот, оставете да проврие доволно колку да се направат меурчиња. Додадете ги Натура 4 семиња и измешајте.
Мешајте до моментот кога повторно ке зоврие па тргнете на страна.
Ставете на работна површина или тава хартија за печење, (јас ставам на работна површина и ја лепам со салотеп за да не ми бега) ставете ја смесата од мед и семиња, измазнете, ставете уште едно парче хартија и со помош на оклагија измазнете одозгора и оставете да се излади на собна температура.
Кога ке биде смесата изладена исечете на парчиња по ваша желба.

Можете да ги консумирате во секое време, но бидејки се доволно благи исечете помали парчиња.

Толку едноставен, толку вкусен, ви го препорачувам во посните денови.
На здравје!

Забелешка
Секое исечено парче нека ви е оделено едно врз друго со хартија за да не ви се лепи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови