1. Најпрвин го правиме шербетот. Водата и шеќерот ги ставаме во сад на оган. Вариме додека да се стопи шеќерот. Го оставаме да се излади.
2. Праските ги лупиме и ги ставаме во вангла со вода во која го ставаме и лимонтусот.
3. Праските ги сечиме на половина и ги ставаме во теглите. Во една тегла ставаме по 3 праски ( = 400 гр ). Во секоја тегла тураме шербер за да се наполни теглата.
4. Секоја тегла ја завиткуваме со весник.
5. На дното на тенџерето во кое ќе ги вариме теглите ставаме стара крпа, ги редиме теглите и тураме вода до под капачињата, теглите да не бидат целосно во вода.
6. Тенџерето го ставаме на оган и откако ќе почне да врие вариме уште 20 минути.
Од овие количини излегуваат 8 тегли компот

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани