1. Измијте ги компирите, доматите и исчистете го лукот.
2. Компирите и доматите исечкајте ги на поголеми парчиња, додека пак лукот исечкајте го на поситно.
3. Ставете ги компирите и доматите во здела за печење.
4. Додадете ги ливчињата на свеж рузмарин и иситетиот лук, и затворете ја зделата.
5. Оставете да се пече на 180 степени 1 час.

Совет - послужете со кришки лимон и со свежа салата од марула.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови