29
јан
2013
Колачиња без брашно
Испасирајте ги бананите.
Додадете ги снегулките, циметот, гоџи бобинките, мелените бадеми, сецканите ореви и медот.
Мешајте додека не се добие хомогена смеса.
Се редат во тепсија на хартија за печење.
Формата е по желба, јас ги правев со лажица.
Се печат во загреана рерна на 180°, 25 минути додека не поруменат.
Се добиваат околу 30 парчиња.
Составот може да биде и поразличен...може да ставите..различно суво овошје..и различни јаткасти плодови..
Пријатен Апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови