Колач со јаболка и суви смокви
Пред некое време го видов рецептот за овој колач на 24Кујна во емисијата на Анабел, видов и како се прави, па решив да го пробам. Оригиналот е со урми и круши, а бидејќи јас немав ни едно ни друго, го модифицирав и искористив суви смокви и јаболка. Резултатот е вкусен и лесен колач.
1. Рерната се загрева на 180 степени.
2. Со хартија за печење се обложувакалап за торта со обрач што се вади, од страна се подмачкува.
3. Сувите смокви се ставаат во тенџере со водата и со сода бикарбона да зовријат, околу пет минути. Содата го омекнува сувото овошје. Се трга од оган и се пасираат со рачен блендер. Не мора да се добие хомогена смеса, може да остане и некое поголемо парче.
4. Во смесата се додава путерот да се растопи. Може да се прави во поголемо тенџере во кое ќе ја правите смесата, или пак смоквите да ги префрлите во длабок сад, како ви е полесно.
5. Се додаваат шеќерот, јајцата и зачините и убаво се мати. На крај се додава и брашното измешано со прашокот за пециво и се меша убаво да се добие хомогена смеса.
6. Во калапот се редат парчиња јаболка во круг и одозгора се излева смесата.
7. Се пече 35-40 минути на 180 степени.
По вадењето од рерна се чека некои 10-15 минути да се олади малку, па се превртува на чинија. Може да се нароси со шеќер во прав, да се служи со изматена слатка павлака или крем карамел, по желба.
Напомена - во рецептот се користи саморастечко брашно, а такво нема кај нас, па јас додадов прашок за пециво и малку сол. За шеќерот - јас ставив половина филџан оти не сакав да биде многу блага (во принцип кратам на шеќер во слатки, освен онаму каде што не може да се скрати), вие може да ставите и повеќе ако сакате колачот да биде поблаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови